Како споменувани градови-кандидати се Лондон или Лисабон, објави на Твитер италијанскиот новинар Николо Шира.
Конечната одлука ќе биде објавена во текот на денешниот ден. Една од приоритетните опции, како што велат првичните информации е натпреварот да се пресели од Истанбул на „Вембли“ во Лондон.
ФА на Англија претходно започна преговори со УЕФА за преместување на финалето во Лигата на шампионите. Како компензација, УЕФА е подготвена да им понуди на турските власти одржување на финалниот меч од Лигата на шампионите во сезоната 2022/2023, кој првично требаше да се одржи во Минхен.
Финалето во Лигата на шампионите оваа година треба да се одигра на 29 мај.