Словенецот најави дека се разгледува секоја опција која е атрактивна за фановите.

– Разговараме за секоја нова идеја, но и натаму ништо не е конечно одлучено. Завршен турнир би бил добра опција за во иднина. Тоа би бил одличен настан кој сигурно ќе привлече големо внимание од јавноста, најавува Чеферин.

По заканата од големите клубови кои сакаат да формираат сопствена Суперлига, УЕФА активно започна да размислува за реформи. Истите би се примениле најбрзо што може, со цел да се намали незадоволството кај клубовите, но и кај играчите и фановите.