Европската фудбалска федерација (УЕФА) донесе одлука за забрана на одигрување натпревари во областа Приднестровје, од која доаѓа најдобриот молдавски клуб Шериф од Тираспол, поради заострените политички односи во тој регион по руската инвазија врз Украина.
Поради одлуката на УЕФА, молдавски Шериф, чиј член е македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов, својот натпревар против мостарски Зрински во рамки на 2. квалификациско коло во Лигата на шампиони ќе го игра на неутрален терен.
Приднестровје е област во Молдавија која има прогласено еднострана независност и има поддршка од Русија.