УХМР информира дека продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со свежи утра, но во четврток и петок, во попладневните часови, како што најавува, ќе има локално зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.
Утре, според УХМР, утрото ќе биде свежо, а преку ден ќе се задржи сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 27 степени.