Украинскиот заменик министер за земјоделство Тарас Висоцки ја обвини Русија дека украла стотици илјади тони жито од територијата окупирана од нејзините сили.
Говорејќи на украинската национална телевизија, Тарас Висоцки рече дека стравува дека Русија може да украде поголем дел од 1,5 милиони тони жито во областите кои сега се под нејзина контрола.
Русија засега не ги коментираше обвинувањата.
Висоцки, сепак, ги уверува Украинците дека нема да има недостиг од храна.
Товарен брод со повеќе од 71.000 тони украинска пченка го напушти романското пристаниште Констанца во четвртокот, прв откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари.
Украинската стока се извезува во пристаништето Констанца, што е гест на романска солидарност, додека руската морнарица продолжува да ја блокира Одеса.