Украина сега ќе бара борбени авиони од четвртата генерација, како американскиот Ф-16, откако ќе обезбеди борбени тенкови, изјави Јуриј Сак, советник на украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников.
Украина вчера доби големо засилување на своите сили кога Германија и САД објавија дека ќе испратат тенкови во Киев, ставајќи крај на неколкунеделниот дипломатски застој околу ова прашање.
„Следната голема работа сега ќе бидат борбените авиони“, изјави Сак.
Воздухопловните сили на Украина располагаат со флота од застарени борбени авиони од советската ера кои биле произведени пред Киев да прогласи независност, пред повеќе од 31 година.
Воени авиони се користат за пресретнување и напади на руски позиции.
„Ако ги добиеме (западните борбени авиони), предностите на бојното поле ќе бидат огромни… Не се работи само за Ф-16 (американски повеќенаменски борбени авиони): авиони од четврта генерација, тоа е она што го сакаме“, рече Сак.