Норвешка потврди дека ќе испрати тенкови „Леопард 2“ во Украина.

Норвешкиот министер за одбрана Бјорн Арилд Грам, рече дека неговата земја ќе испрати тенкови, но не го прецизираше бројот.

Весникот „Дагенс Нарингслив“ пишува дека Норвешка размислува да испрати осум од 36-те тенкови што ги има.

САД и Германија вчера потврдија дека ќе испратат тенкови во Украина.