Украинските сили на еден од официјалните канали на Фејсбук објавија видео од бомбардирањето на руските позиции во близина на Изум на истокот на земјата.
„Идентификуван и уништен е контролен пункт, складиште за војничка опрема во близина на Изум“, пишува украинската војска.
Оттаму велат дека биле уништени 30 непријателски цели, од кои половината биле тенкови. Снимката е објавена утрово, но не се знае кога е направена. Автентичноста на снимката не е потврдена.