Инженерот на специјалниот баталјон Виталиј Владимирович Скакун пријавил дека го уништувал мостот пред руските сили при што го загубил животот.
Украина го слави Виталиј Володимирович Скакун, инженер во специјалниот баталјон на украинската армија, кој доброволно се пријави да крене во воздух мост пред руските сили за да го забави нивниот напредок.
Како што потврди украинската амбасада во Белград, Скакун загинал во акцијата за која се пријавил, но неговиот херој значително го забави напредокот на Русија.
Во овој тежок ден за нашата земја, кога украинскиот народ дава отпор на руските окупатори од сите страни, едно од најтешките места беше Кримскиот теснец, каде баталјон маринци му се спротивставија на непријателот, се вели во соопштението на амбасадата.
Откако констатирал дека нема време детонацијата да се изврши од далечина, Скакун најавил дека тоа ќе го направи рачно, по што се простил од колегите.
За да се запре напредувањето на колоната тенкови, беше одлучено да се крене во воздух мостот Гењиќ. За оваа задача доброволно се пријавил Виталиј Владимирович Скакун, инженер на специјалниот баталјон. Мостот бил миниран, но тој не избегал.
Според војниците, Виталиј се јавил и рекол дека ќе го разнесе мостот.
Веднаш се слушнала експлозија. Нашиот брат почина. Неговото херојско дело значително го забави напредувањето на непријателот, што ѝ овозможи на единицата да ја прераспореди и организира одбраната, се додава.
Се наведува дека командата на маринците ќе се обрати до Врховната команда за доделување на државната награда на Скакун.