– Доколку спрема Додик се воведуваат некои санкции ние ќе ставиме вето, бидејќи сметаме дека воведување санкции кон Западен Балкан не е правилен чекор и сметаме дека тие што се закануваат со санкции кон водачите на Србите од БиХ би било поупатно да седнат со него и лично да поразговараат, пред да се поднесуваат предлози за санкции, рече Сијарто.

Унгарскиот министер додаде дека во врска со прашања од Западен Балкан треба да разговараме со претставниците од Западен Балкан, а не за Западен Балкан.

– И затоа секој кој се заканува со санкции подобро да оди во Бања Лука или во Сараево и да седне да се консултира со лицата кои се засегнати, додаде Сијарто.

Германската Влада минатата недела ја повика Европската Унија да воведе санкции за членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, наведувајќи дека за Германија се неприфатливи обидите на Додик да ја одвои Република Српска од вооружените сили на БиХ, судството и даночниот систем.