– Унгарскиот парламент денеска почна расправа за членството на Финска и Шведска во НАТО.
Според веб-страницата на Парламентот, ратификацијата на пристапните протоколи на двете земји се очекува меѓу 6. и 9 март. Сепак, владата навести дека најверојатно ќе се одложи за втората половина на март.

Во меѓувреме, во двете скандинавски земји се очекува делегација на унгарски пратеници.

„Овие посети имаат за цел да ја отфрлат нивната загриженост“, рече унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто претходно оваа недела по состанокот со неговиот шведски колега, Тобијас Билстром.