Руските сили соопштија дека го уништиле центарот за обука на странски платеници во Украина, лоциран северно од Одеса.

Претходно, украинските власти соопштија дека руски бродови ја гранатирале Одеса и дека има оштетувања на инфраструктурата.

Одеса е стратешки клучен град. Нејзиното освојување ќе им овозможи на Русите да ја отсечат Украина од пристап до Црното Море.