Повикувајќи се на извори во полицијата, неколку косовски медиуми објавија дека се работи за поранешниот директор на маркетинг на државниот телеком, Трим Муслиу и екс-директорот за финансии, Арменд Осај, кои се сомничат за злоупотреби при склучување маркетиншки договори со одредени фирми.
Според „Газета експрес“, заради фалсификување документи за истиот случај, уапсени се уште најмалку две лица – братот на Муслиу, со иницијали К.М., и лицето Д.С., кое, како што наведува порталот, е од турска националност.
Извори од косовската полиција информираат дека акцијата започната претпладнево продолжува и не се исклучени нови апсења.