Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ, на социјалните мрежи даде свое видување за тоа што треба да направар македонски власти, во врска со најновиот француски предлог за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија.

Во продолжение неговиот став

Упатство за работа:
*го користат лица кои се на власт, а не знаат што треба да прават…
1. Се одбива предлогот
2. Се менуваат министрите за надворешни и европски (најмалку)
3. Се зазема цврста национална и државна политика
4. Се формира тим за решавање на проблемот со Бугарија
5. Се прогласува крај на било какви разговори за историја, идентитет и јазик
6. Се зајакнуваат билатералните односи со клучните држави
7. Се распушта Собрание и се бара политичка одлука за иднината од граѓаните
Ова ако сакате да имаме држава и да влеземе некогаш во ЕУ…
Ако не, нека ви е со среќа…
П.С. Времето за преговори за членство во ЕУ со ваква рамка е подолго од времето потребно за одбивање на овој предлог, добивање во некоја иднина нов и завршување на преговори врз база на нормалните процедури во ЕУ…, напиша Димовски