Одлуката со која се потврдуваат резултатите од гласањето во вториот круг во Желино, ја донесе Советот на Судот.

ДИК во четвртокот го прифати приговорот на ДУИ и реши да биде повторено гласањето во Желино, по што Беса поднесе тужба до Управниот суд.

По одлуката на ДИК, генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа, во петокот го обвини коалицискиот партнер ДУИ дека, како што наведе, „им забиле нож во грб со приговорот за Желино“ и оти со тоа се доведува во прашање владината коалиција.

Неколку дена претходно, по средбата со премиерот Зоран Заев во Владата, Хоџа рече дека Беса останува во владината коалиција, но потоа одлучи да се приклучи на Иницијативата на опозицијата за формирање ново парламентарно мнозинство.