Управниот суд денеска реши да ја прифати тужбата на Беса за избирачкото место 2107 во Општина Желино. Ова значи дека таму ќе нема прегласување и дека за градоначалник е избран Блерим Сејди, кандидат на Беса.

ДИК во четвртокот одлучи да го прифати приговорот на ДУИ за ова избирачко место, што водеше кон прегласување.