Како што јави бриселски Политико, повикувајќи се на неименувани дипломати, Зеленски ја повикал Фон дер Лајен да ја посети неговата земја по повод 30 години независност, но наместо неа, на поканата одговорил нејзиниот портпарол и лично се потпишал, што е кршење на правилата.

Критичарите посочуваат дека како причина за одбивање е посочена „презафатеност“ иако поканата се однесува на 23 и 24 август, кога се намалени активностите на европските институции поради летната пауза.

Политико посочува дека со одбивањето на поканата, меѓу дипломатите во Брисел се доведува во прашање посветеноста на Фон дер Лајан за поддршка на Украина, посебно во момент на тензии меѓу таа земја и Русија.

Засега нема коментар од Европската комисија, ниту од Зеленски.