Новите улици и сообраќајници во Општина Аеродром се инфраструктурни проекти кои го унапредуваат живеењето, го подобруваат движењето и решаваат важни локални проблеми. Деновиве, привршува првата фаза од асфалтирањето на новопроектираната улица 5 во Стар Аеродром, со што граѓаните кои живеат во овој дел од општината, веќе имаат полесен пристап до своите домови.

Проектот опфаќа целосно асфалтирање на улицата со ширина од 6 метри, изведба на тротоар со ширина од 1,5 метар и поставување хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Дополнително, по завршување на улицата ќе се изведат и пешачки патеки.

Реализација на овој инфраструктурен проект кој е целосно финансиран со средства на Општина Аеродром е исполнување на уште едно барање на граѓаните. Паралелно нови инфраструктурни проекти се изведуваат на неколку локации во општината. Градежните активности кои стартуваа на почетокот на ова лето, продолжуваат и следниот период и со нив граѓаните добиваат нови улици, пешачки патеки, спортски игралишта и паркови на неколку локации во Аеродром.