Станува збор за 17-годишно момче кое настапуваше за младинските категории на РК Охрид, а раководството на „сино-белите“ попладнево ја потврди трагичната вест.
„Со длабока тага и неверување ја добивме веста за смртта на нашиот Јован Николоски. Јован имаше само 17 години, настапуваше во младинските категории. Сочуство до семејството од играчите и управата на клубот, почивај во мир, ќе те паметиме засекогаш. ГРК Охрид“.