Пожарот во „Дрисла“ не стивнува и покрај дождот
Ниту утринскиот дожд во скопската котлина не придонесе за гаснење на пожарот на депонијата „Дрисла“. Чадењето продолжува, иако претходните денови, како што изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, биле исфрлени големи количини вода. Тој најави нови мерки за конечно спречување на горењето, кое со денови го загадува воздухот во главниот град.
Загаден воздух и вознемирени граѓани
Последниве денови жителите алармираат дека мирисот на изгорена пластика и густ чад се чувствуваат во повеќе делови од Скопје – од Аеродром и Ново Лисиче, до Кисела Вода, Пинтија и Драчево.
Силни реакции на социјалните мрежи
На социјалните мрежи масовно се споделуваат фотографии и видеа со пораки дека „Скопје е отруено“ и дека „секоја вечер Дрисла гори“. Дел од жителите бараат постојано полициско обезбедување и камери на депонијата, а некои ја споредуваат ситуацијата со „Чернобил“.