Начинот на кој е предложен и неговото донесување во собранието, се спорни за поранешниот министер за правда и претседателот на светскиот македонски конгрес. Сметаат дека собранискиот спикер Џафери не смеел да го поништи гласањето на кое првично законот за Јавно обвинителство не добил поддршка од пратениците..

-Откако на екранот се појави бројка од 74 „ЗА“, и 32 „ПРОТИВ“, што значи законот не го доби потребното двотретинско мнозинство, тогаш претседателот наеднаш изјави: „го понитувам гласањето поради…“, и тука застана, меѓутоа не кажува поради кои причини го поништува гласањето, изјави Михајло Маневски, подносител на иницијатива до Уставен суд.

За Џафери, постапката била законска.. Пред уставните судии тврдеше дека потфрлила техниката..

-Пратениците Ибраимовски и Поповска реагираа дека системот не го регистрирал нивниот глас. Се провери електрониката и гласањето беше повторено, објасни Џафери.

Како аргумент дека треба да се поништи законот за Јавно обвинителство, се посочува и делот за употребата на т.н бомби. Неуставно било да имаат двојна примена во судските постапки.

-Во првата ситуација тие се докази, во втората ситуација се само индиции. Разликата не е правна, туку е политичка. Овде се работи за очигледна дискирминација и на нееднаковост на граѓаните пред законот, изјави Маневски.

Уставните судии денеска ги слушнаа забелешките и во следниот период ќе треба да одлучат дали законот за јавно обвинителство е во согласност со уставот.