Во текот на утрешниот државен празник 11 Октомври, граѓаните ќе можат бесплатно да се паркираат на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, освен на паркиралиштето „Дилајла“ во Капиштец, кое е со автоматска наплата.

Од ПОЦ информираат дека редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолж во сабота со вообичаено работно време.