Поради промена на против пожарен хидрант ф 80 мм на улица „Митрополит Тедосиј Гологанов“ бб, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од „Митрополит Тедосиј Гологанов“ и дел од булевар „Свети Климент Охридски“.
Прекинот со водоснабдувањето, како што информират од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје, ќе биде од 9:00 часот до завршување со активностите.