Иако од Град Скопје се пофалија дека булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ доби нова велосипедска патека, сепак реалноста е малку поинква. Истата улица веднаш беше „пренаменета“ во бесплатен паркинг од страна на возачите на автомобили, а за истото со реакција се јавија од „НаТочак“.

– Имајќи ги предвид досегашните искуства со постоечките вело ленти во градов (бул. Св. Климент Охридски, Центар, ул. Московска, Тафталиџе, ул. Борис Сарафов, Ѓорче Петров и други), кои поради големиот простор помеѓу две заштитни столбчиња, овозможуваат косо паркирање возила на велосипедската лента, евидентно е дека надлежните не водат сметка за лошите/нефункционални пракси од минатото и истите ги повторуваат, реагираат од „НаТочак“.

Од „НаТочак“ побараа реакција од надлежните служби за решавање на проблемот.