Прекин на водоснабдувањето во истиот период ќе имаат и корисниците на булевар „Партизански Одреди“ од број 58 до број 83, во Карпош.
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека прекин на водоснабдувањето во дел од Кисела Вода ќе има поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на улица „Димо Хаџи Димов“ број 33, додека во дел од Карпош прекин на водоснабдувањето ќе има поради промена на затворач ф-100мм на булевар „Партизански Одреди“ број 79.