Центарот за управување со кризи информира дека од ЈП Водовод и Канализација е добиено известување за прекини во водоснабдувањето во текот на утешниот ден (30.09.2022, петок):
Поради дефект на ПП Хидрант од ф – 80 мм на бул. Кузман Јосифовски Питу – пред Народна банка на Македонија, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од бул. Кузман Јосифовски Питу лоцирани на потегот од Народна банка на Македонија до Железничка Станица – Скопје, (општина Центар).