Хасани изјави:
-Комисија за заразни болести утре ќе дискутира за олеснување на мерките. Земјаќи ги предвид бројките, кои укажуваат на многу брзо стивнување на епидемијата, јас сум оптимист дека следната недела ќе има ублажување на мерките. Не би сакал да шпекулирам, кои мерки конкретно. Меѓутоа сите мерки, кои се преземени, ќе подлегнат на уште една дополнителна ревизија. Ние како Министерство за здравство и како Влада, едвај чекаме да ги повелчеме мерките, но без да го ризикуваме здравјето на нашите граѓани
Тој потврди дека прва тема за дискусија на Комисијата за заразни болести ќе биде носењето маски на отворено. Хасани, како и други граѓани, носењето маска на отворено го чувствува како товар.
-Јас лично носам маската и на отворено. Но, ја чувствувам како голем товар, како и сите граѓани, особено на шеталиштата, по парковите. Кога сме сами во парковите или со децата, маската е навистина тежина, вели Хасани.
Тој е и за целосно укинување на полицискиот час, но вели, за тоа треба да одлучи Комисијата за заразни болести.
-Комисијата за заразни болести ќе донесе одлука врз основа на целокупната епидемиолошка ситуација, на параметрите, врз основа на предвидувањата и информациите коишто ние ги имаме во однос на другите сојеви коишто се потенцијален ризик за нашата држава, како на пример индискиот сој и други. Ние треба да бидеме многу внимателни за да го зачуваме здравјето, нагласи Хасани.
Во однос на и натаму големиот број смрни случаи, за разлика од големото намалување на новозаразени со коронавирусот, заменик-министерот за здравство смета дека тоа се должи поради тоа што во болниците останале најтешките случаи со пролонгирана болест.
-Генерално мислам дека тоа е очекувано, бројот на смртните случаи да се намали две-три недели можеби и четири по намалувањето на бројот на новозаболени пациенти, вели Хасани.
Тој денеска присуствуваше на отворањето на реновираното одделение за хронично болни во Психијатриската болница во Бардовци и рече дека, по долго време во една тешка пандемија, реконструирање на установа е многу добра вест.
Хасани му честита на директорот Ќамиљ Ковачи и на сите вработени во установата, што успеале во време на пандемија, од сопствени средства да реновираат одделение во болницата.
Директорот Ковачи појасни дека во употреба се пушта одделение, во кое се третираат околу 40 хронично болни 40 пациенти.
– Вредноста на инвестицијата е 15 милиони денари, средства обезбедени од сопствениот буџет, информира Ковачи, кој рече дека целта им е да ги подобрат условите за пациентите и персоналот кој е ангажиран во оваа установа.