Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека утре, 17 октомври 2025 година, може да дојде до отстапувања од утврдениот возен ред, поради прекин во испораката на природен гас кон Македонија од страна на компанијата НОМАГАС АД Скопје.

Од претпријатието нагласуваат дека ситуацијата внимателно се следи и дека граѓаните ќе бидат навремено информирани во случај на промени во траењето на прекинот. ЈСП упати благодарност до патниците за разбирањето и трпението.