Во денешниот попладневен дел од 47-та седница, дискусијата главно се сведе на партиски препукувања.
Претходно, пратениците ги повторија ставовите, оние од СДСМ дека ребалансот е развоен и ќе овозможи инвестиции, а нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ дека е за предизборен поткуп и ќе поттикне нови непродуктивни трошења.
Во дополнетиот ребаланс на Буџетот се вметнати и осумте амандмани усвоени на Комисијата за финансирање и буџет. Општата расправа почна во четвртокот, а може да трае пет дена.