– Првиот во 08 часот и 14 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.6 и вториот во 08 часот и 21 минута со локална Рихтерова магнитуда ML2.9, а потекнуваат од епицентралното подрачје Кичево. Земјотресите беа почувствувани од населението во југозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република  Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, е одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје