Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска објави новина на прес-конференција. Уверение за неосудуваност отсега ќе може да се добие електронски преку порталот uslugi.gov.mk.

Со новата услуга, граѓаните и правните субјекти ќе можат да извадат уверение од кривична евиденција без физичко присуство во основните судови.

Андоновски појасни дека електронското уверение за неосудуваност опфаќа два вида документи – за физички и за правни лица.

„Преку uslugi.gov.mk, со неколку кликања, секој заинтересиран ќе може да го добие своето уверение за неосудуваност, без потреба од чекање и поднесување барања на шалтер“, истакна министерот.

ЕРА БЕЗ ШАЛТЕРИ: 300 административни услуги достапни онлајн и прв закон за сајбер безбедност – Министерството за дигитална трансформација е двигател на модернизацијата

Услугата е дел од пошироката дигитална трансформација што ја спроведува Владата, со цел да се олесни пристапот до административни документи.

Електронското уверение за неосудуваност е чекор кон модернизација на институциите и намалување

Извор: telma