Поранешната советска република увезува струја и инвестира големи суми во обновливи извори на енергија за да го зголеми домашното производство, а исто така е во преговори со Русија за изградба на нуклеарна централа.
На едно домаќинство во главниот град Ташкент, кое го потпиша првиот договор за продажба на енергија на државата, ќе бидат исплатени 0,024 евра за киловат-час, што е приближно цената за потрошената струја. Но, цената по која државата ќе ја плати струјата зависи од локацијата на домаќинството.
Претприемачот Рустам Јодгоров, рече дека неговиот првичен план бил да обезбеди резервна енергија за потребите на шестчленото семејство во случај на прекин на струја, кое било чест случај при реновирањето на куќата во 2019 година. Минатата година поставил 40 соларни панели со капацитет од шест киловат-часови, како и соларен колектор кој загрева вода, што овозможило да ја намали потрошувачката на гас за 30%.
Сепак, добавувачот на опрема го советувал да се приклучи на мрежата, наместо да ги користи панелите за своја употреба, да го продаде произведениот вишок енергија и да ги надомести трошоците за нивна инсталација.