Изутринава, на улиците најголемиот дел од минувачите беа без маски.
Во затворени простории каде што луѓето доаѓаат во контакт со луѓе надвор од сопственото домаќинство, потребно е да се носат маски, но експертите сметаат дека за еден месец оваа обврска може да се укине по падот на бројот на заразени во земјата.
Денеска, првпат по една година, повеќето училишта се отворени, а маските се задолжителни во училниците.
Благодарение на брзата кампања за вакцинација, бројот на заразени со Ковид-19 се намали. Бројот на сериозно болни пациенти е 200, додека на крајот на јануари имало 1.200.
Околу 5,3 милиони луѓе од вкупно девет милиони примија барем една доза вакцина Фајзер/Бионтек., а речиси пет милиони лица примиле две дози.
Сепак, кампањата за вакцинација стагнира и сè уште има околу еден милион невакцинирани Израелци на возраст над 16 години.
Експертите предупредуваат дека земјата сè уште не успеала да постигне колективен имунитет.