Извршниот директор на Фајзер , Алберт Бурла, изјави дека не е сигурен дека ќе биде потребна четвртата доза од вакцината против Ковид-19 и најави дека вакцината против високо заразната варијанта омикрон ќе биде готова во март.
Сепак, извршниот директор на Модерна, Стивен Бансел, минатата недела изјави дека може да биде потребна дополнителна доза на есен, со оглед на тоа што ефективноста на бустер дозата најверојатно ќе ослабне во следните неколку месеци.
Огромниот раст на новозаразените луѓе, предизвикан од ширењето на омикрон, принуди некои земји да размислуваат за давање уште една дополнителна доза на вакцината, но постојат индикации дека повторната вакцинација може да биде тешко прифатена бидејќи граѓаните влегуваат во третата година од пандемијата.
„Не знам дали ќе биде потребна четврта бустер доза, тоа мора да се истражи, изјави извршниот директор на Модерна.
Од Модерна пак информираат дека се работи на нова верзија на вакцината против Ковид, која ќе биде ефикасна против омикрон и други варијанти.
Американската фармацевтска компанија претходно објави дека склучила три договори за проширена употреба на РНК технологија, на која се базира нејзината вакцина, меѓу кои и договор со компанијата за генетски истражувања „Beam Therapeutics“, вреден до милијарда и 350 милиони долари.