Нов негативен рекорд на заразени има во Албанија.

Регистрирани се 2.177 нови случаи што е највисока бројка на дневно ниво од почетокот на пандемијата. Како што објави тамошното Министерство за здравство, тоа е 26,7 отсто од тестираните. Оздравени се 639 луѓе, а починале шест ковид пациенти, соопшти Министерството за здравство.

И Србија денеска урна рекорд, односно има над 13.000 заразени.