Идејата потекна од социјалните мрежи, а меѓу првите поддржувачи на оваа иницијатива беа дизајнерот Пјерпаоло Пичиоли, стилистката Зерина Акерс, Емануела Фарнети, поранешна уредничка на италијанскиот „Вог“, пејачката Лејди Гага и други.
Средствата ќе ја поткрепат и програмата „Ковакс“ на Светската здравствена организација, чија цел е да достави вакцини во земји каде што тие сѐ уште не се широко достапни.