Премиерот Зоран Заев денеска во Скопје се сретна со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.
Заев за средбата објави на Твитер, а изјави нема.
Отворено разговараме на неколку теми како што е Економскиот инвестициски план, кој е навистина силен позитивен импулс за нас, до конкретни проекти кои ќе бидат објавени до крајот на годината. Една од темите за разговор ни беа и подготовките кои ни претходат за претстојниот Самит за Западен Балкан во Словенија следната недела каде ќе имаме одличен простор за заедничка дискусија. Европскиот пат е важен за двете страни, и за С Македонија и за ЕУ и посветени сме на тој процес, соопшти Заев.
Посетата на Вархеји следи по вчерашната на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.