Според соопштението од нејзиниот тим, таа со граѓаните разговараше за приоритетните проекти и понуди брзи решенија за нивните проблеми, со цел подобрување на квалитетот на животот во ова населено место.

Целосно завршување на изградбата на втора фаза од жичарата на Водно со цел овозможување на полесен и брз пристап за сите граѓани, но и за туристите кои сакаат да го посетат Водно, заштита на зеленилото и подобрување на инфраструктурата во овој дел од градот се дел од клучните проблеми и потреби кои граѓаните ги истакнаа во разговор со кандидатката Арсовска.

„Ме радува што граѓаните ја препознаваат мојата визија и идеи за подобро Скопје и верувам дека заедно преку соработка и во интерес на сите скопјани ќе реализираме квалитетни и издржливи решенија за Скопје како модерна метропола. Тоа го заслужуваат моите сограѓани. Јас не сум политичар и нема да бидам. Ќе работам исклучиво во служба на граѓаните, а тие ќе бидат мојот коректор со цел успешно реализирање на програмата за модерно Скопје“, изјави Арсовска по средбата со жителите од Водно.