Среќно Timco Mucunski. Во недела нека почнат промените од Скопје и Аеродром, а потоа и во цела 🇲🇰 Македонија, напиша Стефан Василевски на социјалните мрежи.

Сместен на врвот на средновековната тврдина Кале – Музејот на современата уметност е опкружен со панорамата на Скопје и неговата поширока околина. Подигната во 1970 година, зградата на Музејот е извонреден пример на архитектурата на високиот модернизам и е споменик и симбол на светската солидарност во обновата на Скопје по земјотресот во 1963.
ТОКМУ ВАКОВ МОДЕРЕН ОБЈЕКТ И ТРЕБА НА СПОРЕД МЕНЕ НАЈУБАВАТА ОПШТИНА ВО СКОПЈЕ – АЕРОДРОМ!
Култно место за скопјани каде што покрај изложби на уметници, слики од познати историски личности како Пабло Пикасо, македонски автори, итн, се користи и како МУЛТИНАМЕНСКИ КОМПЛЕКС за разни видови на настани. Музика, предавања за градовите и урбанизмот, изложби, креативно-едукативни работилници, модни и танцови перформанси и слично.
Од Аеродром, Ново Лисиче, Лисиче односно од Железничка па се до почетоците на Илинденскиот марш, произлегле безброј млади таленти во спортот, музиката, бизнисот, па и политиката. Општина каде што патриотскиот дух доминира, но и желбата за модерен пристап кон современ развој на истата.
Во недела ќе имаме избор за ПРОМЕНА, наместо замена. А потоа следат и ПРОЕКТИ после ПОБЕДАТА на која се надеваме, но и заеднички придонесуваме, напиша Василевски