📢Мои Карпошани, Ве повикувам да бидетее мудри, да бидете рационални и одговорни. На овие избори, кои ќе се одржат на 17.октомври масовно да излеземе на гласање, напиша Стевчо Јакимовски.

✅Да кажеме ДА за она што е проверено, квалитетно и докажано. Да кажеме ДА за модерен Карпош. Карпош во кој за сите деца ќе има место во градинките, општина во која нема да има азбестни кровови, во кој ќе нема зграда со дотраена фасада, стари лифтови.
✅Да кажеме ДА, за Карпош во кој проектите кои ги ветуваме, сме докажале дека ги остваруваме. Карпош во кој навистина ќе има повеќе зеленило, повеќе паркинг места, реновирани училишта, повеќе места за рекреација на пензионнерите, спорт за младите, осветлени и чисти улици.
✅ Бројот 1️⃣ носи промени за подобро утре за сите Карпошани, затоа што јас и Вие сме моќен сојуз.
✅За подобар Карпош потребна ми е Вашата поддршка, затоа ве повикувам на 17.октомври вие да одлучите.
🗳 Заокружете број 1️⃣!, напиша Јакимовски.