Комисијата за заразни болести донесе ваква одлука, а таа е усвоена на владина седница, со што полицискиот час нема да важи за време на празниците Велигден и Бајрам, односно на 1-ви и 2-ри мај, како и ноќта меѓу 12 и 13 мај.
Забраната за движење останува на сила во останатите денови, и според последната одлука ќе почнува во 21:00.
Бројот на заболени од коронавирусот во Македонија се намалува.