„Вечните“ Али Ахмети како лидер на ДУИ и Мендух Тачи од ДПА кои долгогодишно се во постојан конфликт подадоа рака. Во услови кога албанската опозиција се обединува, Мендух Тачи рече да му подаде рака на Али Ахмети.

„Европски фронт“

Освен Али Ахмети и Менадух Тачи, во „европски фронт“ се приклучија и Скендер Реџепи, но и Аријанит Хоџа.

Демократската партија на Албанците (ДПА) вчеравечер одржа Централно собрание на партијата. Таму тие го одбрија предлогот на партискиот лидер Mендух Тачи за учество во коалицијата предводена од Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Директна пресметка

На овие избори жестоко ќе биде во албанскиот корпус бидејќи ДУИ и опозицијата според анкетите имаат сличен рејтинг. Копјата ќе се кршат веќе на претседателските избори каде во директна битка ќе влезат Бујар Османи од ДУИ и Арбен Таравари како дел од коалицијата „Вреди“ и претставник на албанската опозиција.

Консолидирање на албанската опозиција

Претходно, албанските опозициски партии и официјално ставија потпис на коалицијата која ќе и се спротивстави на владејачката ДУИ на претстојните претседателски и парламентарни избори.

Пред присутните се обратија лидерите на партиите кои ја сочинуваат коалицијата – „Демократско движење“, „Алијанса за Албанците“, „БЕСА“ и „Алтернатива“, Изет Меџити, Арбен Таравари, Биљал Касами и Африм Гаши како и советникот на косовскиот премиер Беким Ќоку.