Министерот за здравство Фатмир Меџити во рамки на работната посета на Обединетото Кралство остварил средба со министерот за извоз, оддел за бизнис и трговија Лорд Малколм Офорд од Гарвел, на која била искажана подготвеност од нивна страна за поддршка при финансирање на проектот за изградба на новиот Универзитетски Клинички центар.
На средбата, министерот Меџити ја поздравил континуираната поддршка што Македонија ја добива од Обединетото Кралство, кое е втор најголем економски партнер на нашата земја.
Тие разговараа за имплементација и промоција на извозната стратегија во здравствениот сектор и испорака на надворешни директни инвестиции како дел од надлежностите на министерот за извоз при Обединетото Кралство, се вели во денешното соопштение од Министерството за здравство.
Министерот за извоз, Лорд Офорд од Гарвел изразил поддршка и подготвеност за воспоставување на соработка во сите области кои се во интерес на граѓаните на двете земји.