Маја Сивагнанам е назначена за нова амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија.
Сивагнанам ќе го наследи Метју Лосон
Според официјалното соопштение од британската амбасада, таа треба да ја преземе должноста во август 2026 година. Сивагнанам ќе го наследи актуелниот амбасадор Метју Лосон, кој ја извршува функцијата од 2022 година, објави 4news.mk.
Искусен дипломат од британскиот Форин офис
Новата амбасадорка е кариерен дипломат и е дел од британската дипломатска служба од 2001 година. Во својата кариера служела во британската амбасада во Анкара, Турција, а извршувала и повеќе значајни функции во Лондон.
Прво амбасадорско место за Сивагнанам
Пред ова именување, Сивагнанам била заменик-директор на Самитот на Европската политичка заедница, кој се одржа во Лондон во 2025 година. Ова ќе биде нејзино прво амбасадорско место, а како дел од подготовките за мандатот во Скопје, таа веќе интензивно го учи македонскиот јазик.
