Струшкиот суд нареди супер вештачење во предметот против тројцата доктори од стуршката болница, обвинети за тешки дела против здравјето во случајот со родилката Јалдз Веапоска која по породувањето со царкси рез остана без три органи, пренесува Телма.
Судијата се одлучил за овој чекор поради двете спроивставени вештачења во предметот. Едно предложено од обвинителството изготвено од Институтот за судска медицина а другото е на одбраната.
Според Судска медицина влошувањето на здравствената состојба на Веапоска е последица на делувањето на здравствениот тим во болницата во Струга. Вештакот на одбраната пак утврдил дека нема пропусти кај докторите.
-За жал законот е таков каков што е, овозможува вештачење од вештак поединец кое се споредува со вештачење направено од институција и тројца професори. Со тоа му дава право на судот да побара супер вештачење кога имаме спротивни вештачења. Ова многу често се случува намерно и врз основа на никакви докази да се прават вештачења, кои се спротивни, само за да бидат спротивни на вештачењето дадено од Институтот за да можат да се прават супер вештачења, изјави проф. д-р Александар Станков, директор на Институт за судска медицина
Веапоска смета дека докторите прават се за да се одлговлекува судењето.
-Врз мене лошо влијае и физички и психички и едвај чекам да дојде крајот и вистината да излезе. Не само за мене туку за сите жени во Македонија да не молчат и да не запираат кога има лекарски грешки, рече Веапоска
Според одбраната судијата нема избор освен да бара супер вештачерње. Адвокатот на Веапоска очекува и тројцата вештаци во супер вештачењето да ги потврдат вештачењето на Судска медицина.
Со оглед дека вештаците предложени од Обвинителството и вештакот од одбраната кои ги дадоа своите извештаи и искази не успеаа да се усогласат, судијата донесе наредба да се изврши супер вештачење. Кога ќе се добие тоа супер вештачење ќе привршуваме со предметот, изјави Александар Новаковски, адвокат на третобовинетата
-Верувам дека тие луѓе солидно и квалитетно ќе си ја извршат својата работа и не се сомневам во квалитетот на супер вештачењето. Јас сум убеден, ја знам вистината. Вистината е дека мојот клиент е оштетен поради дејствија на лекарите, а тоа има да се затвори со една квалитетна законита пресуда, Сашо Јанев, адвокат на Веапоска.
Обвинението против докторите Мухамед Асани, Блертон Асани и Лилјана Јованоска беше поднесено пред две години а судењето продолжува на трети јуни.