–Станува збор за повеќе милионска инвестиција во ова модерно производство. Повеќе месечните преговори и одличните понудени услови од страна на општина Вевчани кон инвеститорите вродија со плод. Во текот на вчерашниот ден имавме средба на која си подадовме рака со управителот и сопственик на фирмата “ФЛАУЕР ПАУЕР” ДОО Вевчани, господинот Matthieu van der Born, информира Јанкоски.
-Со отворањето на фабриката се отвораат и 50- тина нови добро платени работни места, со што ќе се реши егзистенцијата на исто толкав број вевчанци. За 20-тина дена треба да почнат првите вработувања и поставување на опремата, додава Јанкоски.
Фабриката за производство на медицински канабис, масло и други производиод канабис ќе биде сместена во веќе постоечки објект на влезот од Вевчани, за што бил склучен договор со сопственикот.