Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, утре (25-ти мај), ќе оствари еднодневна работна посета во Република Косово, информираат од неговиот Кабинет

Посетата на Република Косово, вицепремиерот Битиќи ќе ја започне со средба со министерката за трговија, претриемништво и индустрија, Розета Хајдари (во 09:00 часот во зградата на Министерството за трговија, претриемништво и индустрија на Република Косово).

Од 10:30 часот, Вицепремиерот Битиќи ќе учествува на Регионална економска конференција „Економско влијание и последици од кризата“, која ќе се одржи во хотел Емералд во Приштина. На конференцијата најавено е учество на министерка за трговија, претриемништво и индустрија на Косово, Розета Хајдари, министерот за финансии на Косово, Хекуран Мурати, министерката за финансии и економија на Албанија, Анила Денај, заменикот министер за финансии на Албанија Бесарт Кадија, претседателот на стопанската комора на Косово, Скендер Красниќи, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа и други еминентни лица од политиката и бизнисот од регионот.

Посетата на Република Косово вицепремиерот ќе ја заокружи со работна средба во попладневните часови, со главниот државен ревизор на Косово, Бесник Османи, стои во соопштението од Кабинетот.

Во соопштението нема информации дали вицепремиерот ќе ја искористи посетата за разговор со косовски власти околку проблемите со извозот на македонското брашно во оваа земја. Последната информација што беше споделена во јавноста е дека ќе се бара супер анализа за македонското брашно.

Јавноста памети дека не е прв пат Косово да прави проблеми за увоз на македонски производи, а работата оди дотаму да секој застој на граница да се решава меѓу претставници на двете земји. Подебелиот крај секогаш го трпат транспортерите кои губат илјадници на секој застој на границата.