Посетата се остварува во светло на засилената билатерална соработка меѓу Македонија и Грција, како и изразената грчка поддршка за европските интеграции на земјава. Во тој контекст, ќе се разговара за можностите за продлабочување на соработката и техничката помош од грчка страна, како и остварувањето на заедничката стратешка цел што подразбира официјален почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Вицепремиерот Димитров и алтернативниот министер Варвициотис ќе остварат билатерална средба на 14 октомври 2021 година (четврток), по што ќе следат изјави за медиумите со почеток во 12:40 часот.

Во рамки на посетата, алтернативниот министер за надворешни работи Варвициотис ќе се сретне и со претседателот на Владата Зоран Заев, како и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.