– Најголемиот глас на овие избори е гласот на тивкото мнозинство.Тоа се луѓето чиј глас не се слуша на медиумите, говорниците, на плоштадите. Тоа се луѓето кои живеат мирен живот, тоа е огромното мнозинство кое тихува, работи, и ја чува оваа земја. На нивниот ʹрбет се носат институциите, процесите, тие секој ден ја даваат нивната жртва за нашата земја и молчат, но имаат свој став, сакаат и живеат за своите семејства, копнеат за сигурност, ја сакаат Македонија и кога е добро, и кога е тешко, и во победи и во порази, ова го потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот централен митинг во Скопје.

Тој додаде дека гласот на тивкото мнозинство бил гласот на разочарaниот работник, на револтирани млади, на тие кои имаат своја компанија и се борат за дневен опстанок на компанијата која им е сè и за која вложиле сè.

– На угостителите со кои експериментира оваа власт, на работниците по скелињата, на таксистите по улиците, на просветните и културни работници, на актерите кои сонуваат за големи улоги и полни театри.Тоа е гласот и на музичарите, уметниците, на убавите луѓе во нашите градови. Но и селата, земјоделците, тој работен и правичен народ кој гледа и слуша сè. И сиве овие луѓе на нашата Македонија мора да знаат дека новата иднина зависи лично од нивниот глас. Гласот на тивкото мнозинство со кој победува надежта и заедничката среќа, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митингот.

 

Најголемиот глас на овие избори е гласот на тивкото мнозинство. Тоа се луѓето чиј глас не се слуша на медиумите, говорниците, на плоштадите, тоа се луѓето кои живеат мирен живот, тоа е огромното мнозинство кое тихува, работи, ја чува оваа земја, тие ја сакаат Македонија со своите срца.

На 17 Октомври излезете и поддржете создавање на нова иднина. Време е за вашиот глас за Македонија!
Затоа драги пријатели ве повикувам да излеземе сложно, обединети како никогаш досега и заедно да победиме!

#СоздадиНоваИднина

Posted by Hristijan Mickoski on Wednesday, 13 October 2021

 

„Време е за вашиот глас, за Македонија“, додаде тој.