РК Вардар го освои 18. трофеј во Купот на Македонија во клупската историја откако вчера во супердраматично финале „црвено-црните“ славеа над Охрид со 24-23, за одбрана на трофејот освоен лани, вкупно петти куп трофеј што Вардар го освојува во последните шест сезони од мак-ракометот.
Охриѓани имаат за што да жалат, ако се знае дека во вториот дел имаа „плус три“, а во самиот финиш и напад за изрманување со играч повеќе, но непотребно тргнаа на атракција и цепелин наместо на рутинска реализација, и ја платија цената за тоа.
Валах бранеше одлично и со десет интервенции даде голем придонес за победата, додека во нападот најефикасни кај Вардар беа Малус со осум, пред Хориха со шест и Тузолана со пет погодоци.
Кај охриѓани најефикасни беа Ѓукиќ и Јасухира со по пет погодоци.
View this post on Instagram
Најпрво би сакал да им честитам на двете екипи на фер и коректната игра. Сакам да им честитам на моите дечки, навистина мислам дека се покажавме во најдобро светло на овој Ф4 турнир. Одигравме навистина борбено и со големо срце и го освоивме пехарот,“ изјави Лазаревски, додавајќи:
„Честитки и за Охрид. На сите ни е добро познато дека тоа е сериозен нов проект кој има сериозни инвестиции, со сериозна амбиција што се однесува на играта на самиот натпревар. Ништо од тоа што тие го изиграа не беше необично за нас, ги анализиравме и ги предвидивме. Мислам дека едноставно голманот нивен имаше навистина свој ден и тој донесе ваков тесен исход на крајот од утакмицата. Мислам дека во други услови би било поубедливо за нас, но како и да е, сепак станува збор за многу квалитетен противник, но на крајот на денот ние сме најквалитетната екипа во Македонија. Тоа ќе го потврдиме со двојна круна оваа сезона. Честитам што сум дел од овој тим, честитки за сите мои колеги, честитки за стручниот штаб и за целиот клуб и навистина сум задоволен како се заврши овој Куп на Македонија.“
